Свет
27. September 2017 - 20:10

УНИЦЕФ: Во опасност е животот на околу 480.000 Рохинџи, повеќето деца

УНИЦЕФ денеска соопшти дека на околу 480.000 бегалци Рохиџи животот им е во опасност, од кои повеќето се деца.

- Станува збор за голем број луѓе кои всушност гладуваат, за болни и повредени деца кои треба да се згрижат, изјави експертот за политика на УНИЦЕФ, Оливер Вајт.

Според него, повеќе од 14.000 деца се недохранети и им се заканува  смрт поради глад или болест.

Портпарол на УНИЦЕФ истакна дека тие испратиле храна за 250.000 муслимански деца Рохинџи, вклучувајќи и подготвена терапевтска храна за да се изборат со недохранетоста.