УНИЦЕФ: Во Газа загинаа повеќе од 13 илјади деца, преживеаните - гладуваат
Повеќе од 13. 000 деца досега загинаа во израелската офанзива во Појасот Газа, соопшти УНИЦЕФ, дополнувајќи дека многумина страдаат од тешка неухранетост.
– Илјадници од нив се повредени и не можеме ни да утврди, ме каде се. Тие можеби се под урнатините. . .
Не сме виделе вакви стапки на смртност кај деца во речиси ниеден друг конфликт во светот, изјави синоќа извршната директорка на УНИЦЕФ Кетрин Расел за емисијата „Face the Nation“ на Си-Би-Ес.
– Бев на одделенијата за деца кои боледуваат од тешка анемија поради неухранетост, целото одделение е апсолутно тивко. Затоа што децата, новороденчињата. . . немаат сила ни да плачат, раскажува таа.
Расел рече дека има „многу големи бирократски предизвици“ за добивање помош за Појасот Газа со камиони.
Секое трето дете на возраст под две години во северниот дел на Појасот Газа сега е акутно неухрането и изложено на ризик од глад, предупреди во саботата главната агенција на ОН во Појасот Газа, УНРВА.
Ново на Сител
-
Се санираат последиците од невремето во Тетово и Скопје, бројни пријави за претпрена материјална штета
-
Успешна мисија: Спасено 16-годишно девојче кое паднало во дол
-
На Табановце се чека 15 минути, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Собранието ќе ги пополни местата на пратениците кои станаа министри
-
Асанж пуштен од затворот во Велика Британија
-
Почнува собраниската постапка за дополнување на Законот за енергетика за да се намали цената на струјата од 1 јули
-
Официјално претставување на проектот за развој на парк на ветерници, вреден над 500 милиони долари
-
Македонија трета во Европа според стапката на смртни случаи од огнено оружје