УНИЦЕФ: Расте загриженоста заради колерата во јужна Африка
Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) изрази загриженост за епидемијата на колера која со месеци беснее во источна и јужна Африка.
До средината на јануари во 13-те погодени подрачја беа регистрирани околу 200. 000 случаи на болеста и повеќе од 3. 000 смртни случаи.
Регионалната директорка на УНИЦЕФ, Етлева Кадила изјави дека ова е една од најлошите епидемии на болеста во последните години, јави ДПА. Според УНИЦЕФ, има случаи во сите провинции на Зимбабве.
Ситуацијата е особено тешка во Замбија, каде девет од десет провинции се погодени од епидемијата на колера. Повеќе од половина од заболените деца се на возраст под 15 години.
Земјата штотуку прими 1,4 милиони дози од оралната вакцина против оваа болест опасна по животот.
-Епидемијата претставува големо оптоварување за здравствениот систем на погодените земји и укажува на слабости во хигиенската инфраструктура, рече Кадили.
Колерата е предизвикана од бактеријата Vibrio cholerae, која произведува токсин во цревата.
Храната и водата за пиење загадена со измет или повраќање од болни луѓе се главните причини за ширење на болеста.
Обилните врнежи предизвикани од метеоролошкиот феномен Ел Нињо ја влошија достапноста на чиста вода за пиење во неколку земји во регионот во последните месеци.
Сепак, УНИЦЕФ посочува дека влијанието на епидемијата врз децата не е поврзано само со здравјето. -Проблем е и прекинот на наставата во училиштата, додаде Кадили.
Во Замбија, на пример, по божиќните празници, наставата нема да започне до 29 јануари за да се избегне ризикот од инфекција.
-Како што започнува новата учебна година во многу земји во регионот, од клучно значење е да се воведат мерки за заштита на децата од инфекција во училиштата, предупреди Кадили.
Многу случаи се асимптоматски, а во потешки случаи губењето на течности и сол во телото може да доведе до прекин на циркулацијата, мускулни грчеви или шок и смрт во рок од неколку часа.
Ново на Сител
-
Тошковски: Темелна контрола на објекти со лиценца, но и на оние објекти кои се користат како дискотеки и клубови
-
Студентите во блокада со повик за оддавање почит за жртвите во Кочани во - Крагуевац и Нови Сад
-
За случајот со пожарот во дискотеката во Кочани досега приведени се 18, а задржани 16 лица, информира Тошковски
-
Митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион повика и ги замоли сите граѓани да бидат кротки, смирени, трпеливи во овие тешки мигови
-
Завршена обдукцијата на сите починати во пожарот во Кочани
-
Уапсен 34 годишен кумановец, се заканувал на 28 годишна жена со која се познавале од претходно
-
Приведен 46 годишен тетовец, со воздушна пушка ја повредил сопругата на неговиот брат
-
Акција во општина Карпош за проверка на хидрантската мрежа во зградите