УНХЦР: Србија и Македонија не може да бидат оставени сами да се справуваат со бегалците
Портпаролот на УНХЦР Мелиса Флеминг ја повика денеска Европа да најде решение за бегалската криза истакнувајќи дека Србија и Македонија „не може да бидат оставени сами да се справуваат со толку голем број бегалци“.
Флеминг ја критикуваше одлуката на Македонија да ги затвори границите за минување на мигранти.
- Тоа се бегалци кои бараат заштита и не смеат во тоа да се запираат, изјави Флеминг.
Европската комисија денеска соопшти дека Скопје има право да се штити од илегална миграција.
- Македонија има право во согласност со меѓународни закони да врши контрола на лица кои сакаат да влезат на нејзина територија и да забрани влез на оние кои не ги исполнуваат критериумите, соопшти прес службата на европскиот комесар за проширување Јоханес Хан, јави Танјуг.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Земјоделците бараат долгорочна стратегија за поголемо производство и стабилни цени
-
Богојавление Водици на Плетварско езеро
-
Сузбиена криминална група предводена од Раде Штекли – 14 лица од Скопје осомничени за трговија со дрога
-
Богојавление Водици во Скопје
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Томче Голабоски го фати крстот во Струга