-->
-->
УНХЦР: Од Мосул раселени 100.000 луѓе
-->
Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) денеска соопшти дека повеќе од 100.000 луѓе ги напуштиле своите домови, бидејќи ирачките сили „го подготвуваат теренот“ пред клучните борби за освојување на градот Мосул, кој е под контрола на Исламска држава.
Ирачките лидери повеќе пати ветија дека Мосул, кој се наоѓа во рацете на ИД повеќе од две години, ќе биде ослободен оваа година, иако американски претставници сметаат дека тој рок не е реален.
Хуманитарните организации сега стравуваат дека со операцијата би можеле уште еден милион луѓе да бидат раселени од Мосул и околината.
УНХЦР наведува дека од март околу 43.000 лица се заминати од областа Мосул, а од јуни уште 66.600 од блиската област Ширгат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Чудотворната икона „Пресвета Богородица Троерачица“ донесена во Скопје
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог
-
Чудотворната икона Пресвета Богородица Троерачица донесена во Скопје
-
Модуларни болници прокиснуваат, скапи апарати со години неотпакувани!
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинетите не се чувствуваат виновни за убиствата на Вања и Панче, за Палчо случајот е политичка наредба
-
Апелација ја укина пресудата против Зекири
-
Се намалуваат цените на над 70 производи, Владата ја усвои есенската кошничка