Унгарија се понуди за домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина
Унгарија се понуди да биде домаќин на руско-украинските мировни преговори.
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто предлогот им го дала на рускиот колега Сергеј Лавров и шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак.
„Предложив преговори во Будимпешта, безбедно место за двете делегации“, напиша Сијарто на Фејсбук.
„Тие ми се заблагодарија и рекоа дека ќе ја разгледаар понудата“, додаде унгарскиот министер за надворешни работи.
Унгарија, како членка на ЕУ и НАТО, има блиски односи со Русија откако Виктор Орбан дојде на власт во земјата. Сепак, тој вчера ја осуди руската инвазија на Украина.
Русија вчера предложи разговорите да се одржат во Минск, но како предуслов побара предавање на украинската армија. Украинското раководство, пак, ја предложи Варшава како локација за преговорите.
Ново на Сител
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери
-
Преглед на вестите од светот