Унгарија ќе ги блокира телефонските повици од региони на терористички напади
Унгарската Влада планира да ги ограничи телефонските повици во регионите на евентуални идни терористички напади за да го спречи претоварувањето на комуникациските мрежи и да не им попречува на итните медицински и спасувачки служби, изјави министерот за внатрешни работи Шандор Пинтер, цитиран од американските медиуми.
Според него, граѓаните ќе можат да испраќаат само електронски пораки од регионите што се зафатени од терористички напади. Техничките аспекти на проблемот ќе бидат прецизирани заедно со телекомуникациските компании.
-Мобилните мрежи често пати се блокираат по ваквите инциденти, затоа што многу луѓе сакаат да се поврзат со своите блиски или пријатели, изјави Пинтер.
Алтернативно решение би било проширување на мрежата наменета само за полицијата и спасувачките служби, за истата да може да се користи и од други итни служби, како противпожарната, Брзата помош и болниците.
Оваа идеја се наоѓа во новиот пакет од антитерористички мерки, што унгарската Влада во моментот ги разгледува. Таа сака, исто така, да го прошири достапот на итните служби до финансиските трансакции и личните комуникации на граѓаните.
Ново на Сител
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“
-
Убиство како на филм во Батинци: Напаѓачите избегале со маски, дигнат е хеликоптер
-
Филипче нов лидер на СДСМ покрај бројни сомнежи за изборни злоупотреби
-
Мицкоски: Преспа е завршена работа - со Бугарија пак ќе преговараме
-
Муртезани: Уставните измени ќе се случат, алтернатива нема да има