Свет
17. March 2017 - 10:18

Унгарија до крајот на мај ќе ја постави втората ограда на границата со Србија

Унгарија ќе го заврши поставувањето на втората ограда долж границата со Србија до крајот на мај и така ќе може да одбие можен нов бран на мигранти кои доаѓаат од Турција, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. 

Орбан истакна дека Европската унија греши со тоа што се потпира единствено на Турција за запирање на миграцијата, а истовремено ја критикува. 

- Дефинитивно не е паметна политиката што ја оставаме безбедноста во рацете на Турците,  а истовремено не престануваме да ги критикуваме, да ги напаѓаме дека не постапуваат доволно демократски и со нив да создаваме нови конфликти, истакна Орбан.