УНЦХР: Европа има потреба од големи прифатни центри за бегалци
Обединетите нации го поздравуваат предлогот на Европската унија да прими 160 илјади бегалци, оценувајќи го како чекор во вистинска насока, но напомена дека во граничните држави како Грција, Италија и Унгарија итно треба да бидат отворени големи прифатни центри.
- Европските земји треба да ги почитуваат националните и меѓународните закони при управувањето со границите, почитувајќи го правото на луѓето да бараат азил и заштита од војни и измачувања, се вели во соопштението на Високиот комесаријат за бегалци на ОН.
- Според нашите претходни оценки потребите се уште поголеми, но сега вниманието треба да биде насочено кон тоа сите земји-членки да учествуваат во таа иницијатива и брзо да ја спроведат, се додава во соопштението.
Уште милион Сиријци можат да станат бегалци и да се упатата кон Европа, доколку не биде ставен крај на војната, предупреди регионалниот директор на УНИЦЕФ за Блискиот Исток и Северна Африка, Питер Салама.
- Постои можност уште милиони и милиони бегалци да ја напуштат Сирија и да се упатат кон Европската унија и други места, изјави тој и додаде дека околу осум милиони лица се раселени во самата Сирија.
Ново на Сител
-
Дамјан Стојановски стави крај на репрезентативната кариера
-
Трамп вели дека Путин би прифатил европски мировници
-
Украинскиот и европските министри за одбрана се обидоа да ги усогласат ставовите околу условите за мир
-
Макрон гледа „значителен напредок“ за Украина по средбата со Трамп
-
Британската Влада не ја сака Русија во Г7 додека трае војната во Украина
-
Трамп: Нема да дозволиме да се дојде до трета светска војна
-
Известувачот на Европскиот парламент Томас Вајц на средби во македонското Собрание
-
Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител на денешната владина седница