Свет
22. May 2024 - 13:56

Умерен земјотрес во Романија

Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Романија во областа Вранча, соопшти романскиот Национален истражувачко-развоен институт за физика на земјата.

Земјотресот со умерен интензитет се случил во 11:53 часот на 64 километри источно од Брашов со епицентар на длабочина од 110 километри.

Засега нема информации за материјална штета или повредени во земјотресот.