Улиците на Скопје се празни, полицискиот час воведен за време на викенд стапи на сила
Владата донесе одлука за време на викендите да се воведе забрана за движење на целата територија на државата од 16:00 до 05:00 часот, со цел да се спречи ширење на корона вирусот. Улиците на Скопје се празни, а согласно одлуката, сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, се прилагодија на новите ограничувања за движење и го завршија работниот процес до 15:00 часот.
Земјоделците што одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности поврзани со производство во пластеници се изземени од забраната за движење во викенди од 16:00 часот до 05:00 часот. Другите земјоделци, од останатите подсектори (сточари, овоштари, поледелци) ако имаат неодложни активности поврзани со земјоделското производство за време за забрната за движење, треба телефонски да се јават во подрачните единици на Министерството за дозвола со цел да добијат дозвола.
Производствените погони и фабрики го продолжуваат своето производство организирано во смени. Согласно заклучокот на Главниот координативен кризен штаб, работниците во време на забраната за движење ќе може да се упатуваат на своите работни места исклучиво со посебни дозволи за вршење сменска и ноќна работа.
Сите претходно донесени забрани и ограничувања, остануваат во сила.
Одлуката Владата ја донесе на својата 28-ма седница, одржана на 25 март, во насока за спречување на внесување и ширење на коронавирус Ковид 19.
Полициските патроли го контролираат спроведувањето на полицискиот час, а доколку некој не ја почитува мерката согласно законот ќе биде казнет.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори