Украинските сили извршиле напади со дронови на руска територија
Украинските сили во текот на ноќта и утринава извршија серија напади со дронови во неколку руски региони, пренесе Еуроњуз повикувајќи се на украински медиуми.
Голем број експлозии се регистрирани во Рјазанската и Ростовската област, јави УНИАН, повикувајќи се на извештаи од руски канали на Телеграм.
Како што е соопштено, руската воздушна одбрана дејствувала во областа на металуршкиот комбинат Новолипецк. Најмалку седум експлозии се слушнале во градот Липецк.
Гувернерот на руската Рјазанската област соопшти дека руските сили за воздушна одбрана наводно уништиле дрон над Рјазан.
Според првичните информации, нема повредени, а не се оштетени станбени згради и објекти од социјалната инфраструктура. Службите за итни случаи работат на местото на урнатините.
Ново на Сител
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне
-
Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип
-
Рокас: Судството мора да има средства и буџет за независна работа
-
Гутереш: Украина има легитимна влада
-
Трамп разговарал со претставници на Мјанмар, ветил помош за земјата
-
Рубио: Русија се согласува на прекин на огнот, но поставува услови
-
Уште еден американски осуденик побара смртната казна да биде извршена со стрелање
-
Хамас: Се интензивираат разговорите со посредниците за прекин на огнот во Појасот Газа