Украинците тврдат дека стотина Чеченци загинале во близина на Херсон
Во Херсон, кој е под руска окупација, според украински извори, вчера загинале повеќе од сто чеченски војници во артилериски напади.
Војниците испратени од чеченскиот лидер Рамзан Кадиров вчера биле под ракетен оган, се вели во извештаите кои не можат независно да се проверат.
Украинскиот воен гувернер на регионот Херсон пријави 40 мртви и 60 закопани за време на нападот.
Чеченската единица била стационирана во училиште во село на другиот брег на реката Дњепар по повлекувањето од Херсон, а тие самите откриле каде се наоѓаат преку фотографии на социјалните мрежи.
Опозицискиот чеченски канал 1Адат на Телеграм тврди дека членовите на полкот Кадиров, кои се наоѓале во училиштето, биле гранатирани и дека околу стотина од нив биле убиени.
Кадиров не го коментираше настанот, но го изрази своето незадоволство на социјалните мрежи, нарекувајќи го слаб пристапот на Русија кон Украина
Ново на Сител
-
ДСЗИ ќе бара од Таравари формирање стручна комисија за лекувањето на деветгодишното дете
-
28 годишник физички нападнал доктор во тетовската болница
-
Пожар во старечки дом во Кавадаречко, се евакуираат 30 лица
-
Надлежните очекуваат раст на заболени од грип, пикот се очекува кон средината на февруари
-
„Најтажниот ден“ во годината
-
Скопје со умерено аерозагадување, Сараево најзагаден град во светот
-
Конан О'Брајан домаќин на 97. доделување „Оскари“
-
Одбиено барањето на Палевски за изземање на судијата Стефановски, сведокот Гоце Трајковски се уште недостапен