Македонија
13. February 2023 - 12:48

Украина тврди дека одбила напад на Запорожје

– Генералштабот на вооружените сили на Украина денеска соопшти дека припадниците на украинската армија успешно ги одбиле руските напади врз градот Запорожје во југоисточниот дел на земјата.

Во соопштението се наведува дека покрај тој напад, руските сили извршиле неуспешни акции и на територијата на населбата Хрјаникивка во областа Харков, Кремина и Билогоривка во регионот Луганск, Вијмка, Федоривка, Васјукивка, Бахмут, Иванивске и Клишчиевка во Доњецката област и Зализнични во Запорожје, пренесува Гардијан.