Украина: Русија го нападна Киев со дронови, соборени сите беспилотни летала
Украинските власти соопштија дека противвоздушната одбрана соборила руски беспилотни летала во близина на Киев, чии остатоци предизвикале пожар во нестанбена зграда и оти во нападот нема жртви.
Шефот на воената управа на градот Киев, Сергеј Попко, информира дека Русија лансирала 12 дронови кон Киев, но оти украинските сили за противвоздушна одбрана ги идентификувале и уништиле „сите непријателски цели“ во воздушниот простор околу главниот град.
Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека Русија во текот на ноќта кон Украина лансирала вкупно 15 дронови Шахед од иранско производство, а дека украинските сили уништиле 14 од нив.
Остатоци од дрон паднале во западниот киевски кварт Свјатошино, предизвикувајќи пожар на површина од 200 квадратни метри во нестанбена зграда, се наведува во соопштението.
„Според прелиминарните податоци, во моментов нема жртви“, објави Попко на Телеграм, истакнувајќи дека информациите се прецизираат.
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко на Телеграм објави дека е запалена продавница во Свијатошин, но оти нема жртви и пожарот е ставен под контрола.
Во неколку региони на Украина утринава беа објавени предупредувања за воздушни напади.
Ново на Сител
-
Рубио: Наскоро ќе знаеме дали Русија сака мир
-
Затворен за сообраќај патот Крушево - Долно Дивјаци - Кочиша
-
Ужас во Гостивар: 15 годишник извршил полов напад врз 5 годишно девојче
-
Приведени тројца државјани на Чешка, пронајдени стари монети
-
Трагедијата во Кочани главна тема на средбата Сиљановска Давкова – Радев, се разговарало и за евроинтеграциите
-
Јасно е дека светот влезе во многу турбулентна фаза, речиси никаде не сме безбедни, рече Сиљановска-Давкова по Акаба процесот во Софија
-
Најавеното опаѓање на температурите може да ги загрози земјоделските култури, посебно овошките
-
64-годишник од Македонски Брод бакнувал и го допирал по тело малолетно девојче