-->
-->
Приведени тројца државјани на Чешка, пронајдени стари монети
-->
При контрола на видео надзорен систем на теренот на ПС за ГН Старавина, на местото викано „Брест“ вчера било забележано моторно возило „дачија дастер“ со странски регистерски таблички. По извршени проверки, синоќа во 19 часот, во близина на село Подмол, полициски службеници го пронашле возилото и при извршена контрола констатирано е дека во него биле J.M.(26), Ф.К. (53) и M.H. (47), сите од Чешка, а сместени во закупен стан во Прилеп. Тие се лишени од слобода и спроведени во ОВР Прилеп.
Како што соопшти МВР, по наредба на надлежен јавен обвинител од ОЈО Прилеп, извршен е претрес во домот каде што престојувале трите лица, при што е пронајдена метална кутија во која имало 20 стари монети.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека до еден час
-
Англија ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женскиот фудбал
-
Опожарена барака на улица „Самоилова“ во Скопје
-
Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени