Украина нападната од Русија со 38 беспилотни летала, 26 се соборени
Русија синоќа ја нападна Украина со 38 беспилотни летала „Шахед“, соопшти денеска украинското воздухопловство, наведувајќи дека биле соборени 26 дронови.
„Регистрирано е дека се испратени 38 беспилотни летала „Шахед““, се вели во дневниот извештај на воздухопловните сили на Телеграм.
Во соопштението се додава дека се уништени 26 беспилотни летала од иранско производство.
Регионот Одеса е меѓу областите кои синоќа беа цел на руските сили, а посебно на мета беше пристаништето Измаил. Нападот траеше два часа, напиша регионалниот гувернер Олег Кипер на Телеграм, додавајќи дека повеќето од беспилотните летала биле соборени.
„За жал, пристанишната инфраструктура беше погодена во областа Измаил“, рече тој, додавајќи дека двајца возачи на камиони се ранети. Според него, оштетени се контролниот пункт, магацини и 30 камиони.
Ново на Сител
-
Донесени измените на Законот за средно образование
-
Зоолошка: Ламата која угина имаше туберкулоза, за оваа болест кај животните нема лек, ниту пак постои вакцина
-
По 7 години запуштеност, „Македонско село“ повторно ќе заживее!
-
Таравари: Секој кој се огрешил пред законите мора да понесе одговорност
-
Во тек е пријавувањето за финансиска поддршка од 1.000 денари месечно за електрична енергија – рокот до 19 април
-
Филков-Божовиќ: Северна Македонија и Црна Гора имаат многу сличности во процесот на реформи
-
Уставниот суд утре ќе одлучува дали Џафери го дискриминирал Апасиев
-
Објавен конкурсот за распределба на 229 милиони денари за проекти од областа на животната средина