Свет
16. May 2017 - 12:44

Украина ги прошири санкциите против Русија

Украинскиот претседател Петро Порошенко ја одобри денеска одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана и ја прошири листата со имиња на граѓани и правни субјекти од Русија, кон кои се воведени санкции, соопшти прес-службата на шефот на државата.

- Шефот на државата официјално ја потврди одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана од 28 април за спроведување економски и други рестриктивни мерки, соопшти администрацијата на претседателот.

Како што јави ТАСС, сега на листата се наоѓаат 1.228 поединци и 468 правни субјекти од Русија, меѓу кои се и две популарни руски социјални мрежи, ВКонктакте и Однокласники. 

Интернет провјдерите оневозможиле пристап и до риските е-мејл сериси Mail.ru i Yandeks.