-->
-->
Украдени 200 литри нафта од амбуланта во Арачиново
-->
Непознат сторител крадел нафта од Здравствената станица во Арачиново. Како што информира полицијата, вчера околу 08:20 часот Ф.А. (58) од с.Арачиново, вработена во амбуланта Арачиново како патронажна сестра, пријавила дека во периодот од 19.30 часот на 09.02.2018 до 07.00 часот на 12.02.2018 година непознат сторител извршил тешка кражба во Здравствена станица Арачиново. Сторителот со употреба на сила влегол во подрумската просторија, демонтирал едно црево на резервоарот и одзел околу 200 литри нафта за домаќинство, по што побегнал во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ