УЈП Струмица со едукативни предавања за приходи од имот
Управата за јавни приходи, регионална канцеларија Струмица почна со едукативни предавања за запознавање на граѓаните за видовите данок кои потенцијално може да ги плаќаат.
Остварувањето приходи од имот и имотни права беа темата на денашната работилница, на која даночните обврзници одблиску се запознаа со деталите кои произлегуваат од овие добивки.
- Приходи од имот и имотни права се остваруваат преку издавање под закуп на движен или недвижен имот. Практично низ примери ги запознаваме граѓаните како да пријавуваат, роковите до кога може да го пријават овој вид приход, како да пресметуваат и како доброволно да го плаќаат данокот, објаснува Мери Тасева од УЈП Струмица.
Таа истакна дека пријавувањето на приходот од имот и имотни права треба да се направи во рок од 15 дена од остварувањето на добивката.
- Даночните обврзиници треба во рок од 15 дена да го пријават остварувањето на приход од имот. Во овој рок од остварувањето на приходот се пополнува аконтативна даночна пријава што е објавена на веб страницата на УЈП. Пријавувањето се врши во канцеларијата во која е остварена добивката, но доколку даночниот обврзник не е во можност таму да го пријави, може во УЈП Струмица, од каде ние по службена должност ќе ја испратиме пријавата до соодветната канцеларија, вели Тасева.
Според Тасева, оние граѓани кои не го пријавиле приходот во законскиот рок имаат уште една шанса до 15 март да го направат тоа во Годишната даночна пријава. Во спротивно против нив ќе биде изречена казна-глоба.
Ново на Сител
-
Студенти од сите факултети во Крагуевац даруваат крв за повредените во пожарот во Кочани
-
Голем број граѓани во Софија оддадоа почит за жртвите по трагедијата во Кочани
-
Возачот на Итна помош што почина по трагедијата во Кочани ќе биде постхумно одликуван
-
Сите пациенти се во стабилна и добра состојба, тројца пуштени дома, утре се планира да бидат испишани уште тројца
-
Тиквеш го повлече од употреба дресот со број 16 кој го носеше Андреј Лазаров
-
Акциска контрола во Тетово и Гостивар, контролирани 16 угостителски објекти, два се затворени
-
Филип излегол меѓу првите но се вратил да бара другарка по што не се вратил, сведочи неговиот татко
-
Уапсени двајца 18-годишници кои синоќа палеа огномет во парк