УЈП: Да се поднесат барања за обнова на кодовите за идентификација за потпишување на МПИН пресметките
Со наближување на рокот за поднесување на МПИН пресметките, Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност чии кодови за идентификација за потпишување на МПИН пресметките кои се изготвуваат преку Клиентскиот софтвер, а се издадени пред 5 март 2025 година, независно од нивната важност, да поднесат барање за нивна обнова преку системот е-Даночни услуги.
Како што наведе УЈП денеска во соопштение, за повеќе информации во врска со постапката на поднесување на барањата и превземање на кодовите треба да се преземе Корисничко упатство за поднесување на Барање за издавање на клуч за спремање на плата, кое е објавено на веб страницата на Управата на линкот: http://ujp.gov.mk/mk/regulativa/opis/440.
- Дополнително, напоменуваме дека обврзниците кои имаат помал број на вработени (до 5 вработени), може МПИН пресметките да ги изготвуваат преку системот е-Даночни услуги согласно соопштението од 6 март 2025 година немаат потреба да поднесуваат барање за издавање на клуч за пресметка на плати, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски
-
Николоски: Предвремени избори нема да има
-
СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски лично се јавувал за неговиот брат да не биде казнет?
-
Мерката замрзнати маржи истекува утре, ако цените растат владата ќе донесе нови мерки
-
Наумоски: Концесијата нема да ги заштити ендемичните риби
-
Преглед на вестите од светот
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност