УХМР за утре најавува снег, еве каде ќе се забели
Времето денес: Претпладне сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува, особено во западните и северозападните делови на земјава каде во вечерните часови ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На планините повисоки од 1500 м.н.в ќе има и врнежи од снег, особено на запад. Ќе дува умерен ветер од јужен и југозападен правец, кој во вечерните часови ќе го промени правецот во северен и ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.
Метеоролошки параметри за Скопје: T= 26 °C.
Под влијание на влажен и студен воздушен бран утре ќе има повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 20 л/м 2), претежно во западните и северните делови. На планините над 1500 м.н.в. ќе има и врнежи од снег. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер (на моменти до 70 км/ч), кој ќе предизвика значително и нагло опаѓање на температурата на воздухот за околу 13 степени. Од недела следува период на стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и врски
-
Aнгелов: Законот за бранители на Славјанка Петровска е кукавичко јајце кој во реалноста не може да се спроведе
-
Академијата за судии и обвинители ќе добие нов директор, во трка седуммина кандидати
-
ЕСM: Цевководот под Беласица ќе биде поставен во наредните неколку месеци
-
СДСМ: Со ВМРО-ДПМНЕ просечната плата паѓа
-
Инспектори казнуваат и се уништува небезбедна храна
-
Реформи во судството ќе има со политичка воља, во спротивно ќе останат само на хартија
-
Античка Стибера останува под земја