Македонија
25. February 2017 - 10:37

УХМР со нова прогноза: Доаѓа студен бран од север и пад на температурата

Утре времето ќе биде претежно облачно и малку постудено со кратки сончеви периоди, а во крајниот југоисточен дел од земјава ќе има услови за локален краткотраен слаб дожд.

Потоа до вторник ќе преовладува стабилно време без врнежи и со пораст на температурата на воздухот. В среда повторно се очекува од север да се спушти релативно брз и студен бран од север. 

Ќе предизвика пад на температурата на воздухот и локални врнежи од дожд, а на повисоките планини ќе има локален снег. 

Потоа повторно ќе има стабилизирање и затоплување на времето.