Македонија
28. October 2024 - 13:27

УХМР: Следните два дена облачно, во среда слаб локален дожд

Во следните два дена ќе има зголемена облачност со слаб локален дожд во среда,  информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.

Според прогнозата на УХМР, од четврток продолжува периодот на стабилно и суво време со пониски дневни температури.