Македонија
31. August 2017 - 19:20

УХМР најавува невреме со пороен дожд и грмежи

До сабота ќе се задржи претежно сончево и топло време, а на места  максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината, во интервал од 30 до 36 степени.
 
Во недела нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса што ќе услови променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и повремено засилен југозападен ветер.
 
Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните часови и во источните делови од земјава. Локално процесите ќе бидат поинтензивни.
 
Од понеделник следува посвежо и ветровито време.