Угостителите бараат плаќањето кон ЗАМП да биде врз реално утврдени критериуми
Изземање на обврските на хотелите и рестораните кон Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) во случај кога се организира хуманитарен настан и плаќање на надоместок само кога угостителските објекти се јавуваат како организатори на настанот, бара Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија.
Тие бараат да се направи разлика кога угостителските објекти се организатори на настани од случаите кога само го отстапуваат просторот за настани што ги организираат трети лица.
- Здружението за угостителство и туризам нема да толкува дали треба или не да се плаќа. Законот за авторско право и сродните права е право кое ги дефинира правата на уметниците и тоа е право рамно на устав. Ние нема да навлегуваме во тоа зошто да се плаќа. Законодавецот тоа го одредил. Она што Здружението за угостителско и туризам го бара е да има реално зафаќање и соодветни трошоци кои нема да бидат преголемо оптоварување за угостителите, истакна Даниела Михајловска од Стопанската комора на Македонија на денешната редовна прес-конференција.
За Здружението е важно тарифите да се носат врз основа на економски утврдени критериуми. Досегашното искуство, како што посочуваат, покажува дека угостителскиот сектор е нереално оптоварен со големи трошоци кон ЗАМП. Така, според постојниот правилник со тарифа за користење авторски и музички дела кој е во функција од 1 ноември 2017 година, угостителите треба да му плаќаат на ЗАМП четири проценти од приходот што го остваруват по основ на свадби и крштевки и околу 10 проценти од организирани дипломски и матурски прослави.
Ново на Сител
-
Александар Николовски од УКИМ избран за претседавач на Националното студентско тело
-
Русија: Убиени пет напаѓачи и двајца полицајци во Република Карачај-Черкезија
-
WhatsApp воведува нова корисна промена
-
Најубаво куче на светот е авганистански ‘рт што доаѓа од Чиле
-
Додик: Ќе побарам од Србија и Вучиќ поддршка за разидување на Република Српска од БиХ
-
На преговорите во Каиро поканета и израелска делегација
-
Недовршен портрет од Густав Климт, продаден за 30 милиони евра
-
ПМФЛ: Неочекуван пораз на Струга