Училиштето „Тоде Хаџи-Тефов" во Кавадарци ќе добие спортска сала
Во основното училиште „Тоде Хаџи-Тефов" во Кавадарци ќе се гради спортска сала, за што денеска беше потпишан договор од претставници на Министерството за образование и наука, локалната самоуправа, училиштето и изведувачот на работите.
Кавадаречкиот градоначалник Акександар Панов рече дека е ова посебен ден за учениците и воопшто жителите од оваа урбана заедница, кои со децении очекуваа спортска сала. Информираше дека деновиве ќе отпочне и градбата. Потсети дека темелот беше ставен уште во 2013 година, но дека работите се оддолжиле бидејќи во меѓувреме се инвестирало во други општини, а кавадарчани почекале бидејќи претходно веќе беа изградени други две спортски сали.
- Пропустот е направен, ние не бегаме од тоа. Бевме критикувани и како локална самоуправа и како Влада за таа работа, меѓутоа еве денеска изведувачите на објектот се воведуваат во изградбата на спортската сала. Во присуство на претставници на надзорот и Министерството за образование. Овој пат нема да има враќање назад, нагласи Панов во изјава за медиумите. Интензивно ќе се работи, додаде, со цел преку спорт и рекреација да се изградуваат здрави личности.
Директорот на училиштето Никола Нешковски соопшти дека станува збор за воспитно образовна институција со најголем број ученици во општината, а можеби и во регионот. Подвлече дека училишната спортска сала е неопходност за секое училиште.
- Тешко се изведува наставата по физичко образование без сала. Долгоочекуван е овој објект кој ќе биде со сите реквизити и исполнети неопходни услови. За една година треба да биде изграден објектот, а може и порано, во зависност од временските услови, рече Нешковски за медиумите, потсетувајќи и на сите претходни инвестирања во училиштето во изминативе неколку години.
Во ОУ Во основното училиште „Тоде Хаџи-Тефов" се школуваат 720 ученици, а има и подрачно училиште. За следната учебна година очекуваат нешто поголем број на првачиња.
Ново на Сител
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски