Учесничките на Изборот на мис тинејџерка на САД повеќе нема да дефилираат во бикини
Во обид да се модернизира, дирекцијата за Изборот на мис тинејџерка на САД донесе одлука за исклучување на дефилето во бикини на манифестацијата.
Наместо да парадираат во костими за капење, натпреварувачките во иднина пред жирито и публиката ќе излегуваат во спортско издание.
- Промената би требало да придонесе за „славење на женската сила, самодоверба и убавина на конструктивен начин, истакна претседателката на дирекцијата Пола Шугарт.
Американската јавност ваквата одлука сепак не ја прими добро, а особено се гласни оние кои генерално се против изборите на убавина.
Други пак, напоменуваат дека изборот би успеал да се „модернизира“ дури тогаш кога неговите права би му се предале на актуелниот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп. Ако тој беше на чело на Изборот, тврадат тие, ќе немеше шанси манифетсацијата да се оддржи без парада на полуголи девојки.
Ново на Сител
-
ОБСЕ: Утре ќе ги соопштиме заклучоците
-
Просечна излезност до 11 часот
-
Просечна излезност до 9 часот
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора