Ученик украл 8 лаптоп компјутери од училиште
Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба расчистија кривично дело „кражба“ од средно училиште на подрачје на Гази Баба, при што беа одземени осум лаптоп компјутери, информира МВР.
Како што инфомрираат од министерството, по преземени мерки и активности било констатирано дека делото го извршил малолетник - ученик во училиштето од с.Петровец, скопско. Со него бил извршен службен разговор во присуство на родител. Притоа, дел од компјутерите биле пронајдени во продажен објект на бул.„Партизански одреди“, при што сопственикот изјавил дека ги откупил од малолетникот.
Предметите биле вратени во училиштето, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава
Ново на Сител
-
Како да се спречи одливот на работници?
-
Од Скопје ќе се лета до Париз и Женева – Воведени две нови авиолинии
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на средба со иселеници во Њу Џерси
-
Седница на ЦУК за координација на системот за управување со кризи
-
Охрид: Неопходна е заедничка соработка за заштита на регионот
-
Струмица: Потребни се законски измени за третманот на бездомните кучиња
-
Преглед на вестите од светот