Македонија
28. April 2016 - 13:38

Ученици од Куманово ги посетија старите лица во домот „Зафир Сајто“

Ученици од кумановското основно училиште „Толи Зордумис“ денеска подарија рачно изработени велигденски јајца и им го честитаа Велигден на корисниците на услугите на Домот за стари лица „Зафир Сајто“.

- Оваа традиционална активност се спроведува секоја година во чест на Велигден, информирше наставничката од „Толи Зордумис“ Лилјана Миленковска, која посочи и дека учениците од македонските и од албанските паралелки подготвиле и приредба за корисниците.

Празничната атмосфера во Домот за стари лица ја надополнуваат ученици, деца од градинките, претставници на различни организации и здруженија кои ги посетуваат корисниците и на секој начин се обидуваат да ги разубават празничните мигови на старите лица во „Зафир Сајто“.

Неодамна оваа јавна установа одвои 3.600.000 денари сопствени средства за реконструкција на 13 соби, 12 тоалети, од т.н „прв реон“ на установата, со што значително се подобрија условите за престој на 140-те лица сместени во Домот.