Македонија
2. March 2019 - 12:40

Убиство во скопско Шишево

Престрелка се случила синоќа во Скопје, по што едно момче почина, информира МВР. Вчера околу 02 часот во СВР Скопје прјавено е дека во Клиничка болница „Систина“  од страна на 24-годишниот С.Т. од село Шишево биле донесени со повреди 20-годишниот А. А. и 36-годишниот Г. А., сите од село Шишево. Според пријавеното, тројцата се движеле со возило „БМВ“, а пред нив се движело возило „Мерцедес“, управувано од  Е.Ш. од село Шишево, со кого претходно имале расправии. Според пријавеното, на влезот во село Шишево возилото „Мерцедес“ застанало до патот, а по него запрел и Г.А., кој го управувал возилото „БМВ“. Е.Ш. и Г.А. излегле од возилото и почнале да се расправаат, по што Е.Ш. со пиштол пукал кон Г.А., а потоа и кон А.А.. С.Т. ги пренел А.А. и Г.А. во болницата „Систина“, каде А.А. починал.

Полицијата презема мерки и активности за расчистување на случајот.