Убиена новинарка во Мексико
Новинарка е убиена денеска во мексиканскиот град Папанта, земја која е најопасна за извршување на таа професија.
Марија Елена Ферал, дописник на дневниот весник „Диарио де Ксалапа“, влегувала во својот автомобил кога двајца непознати мажи на мотор отвориле оган врз неа, а потоа побегнале од местото на настанот, изјави полициски извор.
– И покрај напорите на лекарите да го спасат нејзиниот живот, длабоко жалиме, кога дознавме дека пред неколку минути новинарката Марија Елена Ферал починала, напиша на Твитер гувернерот на државата Веракруз, Куитлауак Гарсија.
Мексико е една од најопасните земји во светот за новинарите, со над 100 убиени од 2000 година досега.
– Властите треба итно да спроведат истрага за овие настани и да обезбедат заштита за нејзиното семејство и колеги, истакна Балтина Флорес од меѓународната организација „Репортери без граници“.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница