-->
-->
Убиен познат српски радио водител
-->
Познатиот српски радио водител Лука Попов (60) е убиен синоќа во својата куќа.
Според неофицијалните информации, кои ги објавува српски Блиц, Лука утринава не се појавил на своето работно место, а не одговарал ниту на телефонските повици по што колегите го побарале неговиот брат. Тој отишол до домот на Лука и го пронашол неговото безживотно тело.
Неофицијално, на неговото тело забележливи биле видливи повреди, па се претпоставува дека пред да биде убиен Попов бил мачен.
Од полицијата во Кикинда само ја потврдиле информацијата за смртта на водителот најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Teма на денот со Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Судот одреди куќен притвор за скопјанецот кој со мотор го усмрти Југослав – Обвинителството вложи жалба
-
Пеколните горештини причина за колапси и сообраќајни несреќи
-
Гази Баба неколку дена без вода, градоначалникот најавува кривична пријава
-
Наместо данок за невенчани, владата да обезбеди повисоки плати и подобар стандард, велат од Реактор
-
Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
СДСМ: Дебакл на надворешна политика