Балкан
9. јуни 2019 - 18:47

Убиен познат спортист, осомничениот се самоубил

Полицијата во Сараево ги уапси А.И(23) и А.Ш(19) поради сомневање дека го убиле Амар Капиджиќ, познат одбојкар од Сараево.

Сараевската полиција уапси две момчиња, поради сомневање дека во населбата Соколовиќ Колонија на Илиџа, убиле познат одбојкар од Сараево, а додека третото лице по која трагаше полицијата извршило самоубиство.

Од министерството за внатрешни работи од Сараево изјавија дека уапсени се две момчиња на возраст од 23 и 19 години, а додека пак А.К извршил самоубиство на подрачјето Конјича.

Во жестоката расправа која се случила доцна синоќа на улицата „Франција“, пред својата сопствена куќа, убиен е Амар Капиджиќ. Амар беше член на Одбојкарскиот клуб Илиџа. Полицијата од Сараево во текот на целата ноќ соработувала заедно со колегите од другите полициски агенции на идентификација и на пронаоѓање на осомничените за убиството.

Сараево е главен град на Босна и Херцеговина и нејзин најголем урбан, културен, економски и транспортен центар.

Градот Сараево се состои од четири општини: Центар, Нови Град, Ново Сараево и Стари Град. Според прелиминарните податоци од пописот во 2013 година во Босна и Херцеговина, во Сараево живеат 275.524 жители.

https://