Уапсени две лица во северно Косово осомничени за убиството на Оливер Ивановиќ
Специјални единици на косовската полиција изведоа утрово обемна акција во северниот дел од земјата, при што уапсија две лица од српска националност кои се сомничат дека се поврзани со убиството на политичарот Оливер Ивановиќ во јануари минатата година, јави дописникот на МИА од Приштина.
Извори од косовската полиција изјавија за медиумите дека еден од уапсените е Раде Басара, полициски истражител од северно Косово. Тој раководел со истрагата за убиството на Ивановиќ и се сомничи за прикривање докази.
Уте едно, засега неидентификувано лице, е уапсено поради поседување орижје и муниција, додека по трето лице и натаму се трага. Портпаролот на косовската полиција Баки Кељани изјави за медиумите дека станува збор за шефот на оперативата на пoлицијата во Северна Митровица, Жељко Бојиќ.
Во полициската акција, која почна утрово во 5 часот, учествуваа над 100 припадници на специјалните единици.
Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби, беше убиен на 16 јануари 2018 година во северна Митровица, недалеку од неговиот дом, пред седиштето на неговата партија – Граѓанска иницијатива Србија, демократија, правда.
Ново на Сител
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња
-
Турција: Офанзивата во Рафа е уште едно воено злосторство на Израел
-
Германија поради европското фудбалско првенство воведува контроли на сите граници
-
Курти: Србија пропагира за насилство врз Србите во Косово, а фактите го кажуваат спротивното
-
Одлука за испраќање припадници на АРМ на вежби во Бугарија и Германија и во операција на НАТО во Косово
-
МВР: Лични документи може да се подигнат и утре