Уапсени две лица со алати за провала во подрачјата зафатени од пожарите во североисточниот дел на областа Атика
– Во рамките на патролите и зголемените мерки за безбедност во подрачјата зафатени со минатонеделниот пожар во североисточниот дел на областа Атика, грчката полиција уапсила две лица, кај кои биле пронајдени алати за провала и веројатно нивната намера била кражби од оштетените објекти, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчката полиција соопштија дека уапсените, на возраст од 35 и 23 години, се превезувале со автомобил во една од населбите зафатени од пожарот, а откако биле оценети како сомнителни и бил извршена проверка на возилото, биле пронајдени и одземени помала количина дрога, како и радиостаница, шрафцигер, копач и импровизирана дрвена палка.
Едниот од уапсените веќе има криминално досие и во минатото издржувал и затворски казни за разбојништва, кражби и поседување дрога.
– Патролите во подрачјата погодени од неодамнешните пожари ќе продолжат со спроведување на превентивни и репресивни активности за спречување на незаконски дејствија како и обезбедување на целата потребна помош и поддршка на жителите, соопштија од грчката полиција.
Во петокот беа приведени околу десет лица, а едно беше уапсено за кражби во оштетените објекти од пожарот а тогаш државната телевизија ЕРТ објави дека станува збор за Роми.
Ново на Сител
-
Се пренасочува сообраќајот на магистрален пат Скопје – ГП Блаце
-
Американците се обложиле во 100 милиони долари на Трамп против Харис
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО-ДПМНЕ
-
Конференција 75 години НАТО
-
Опозицијата прифаќа да оди на предвремени избори, албанската коалиција на власт смета дека нема потреба од избори
-
Изборен ден во САД
-
Без струја дел од корисниците во општините Карпош, Сопиште, Кисела Вода и Ѓорче Петров
-
Состојба на патиштата