Уапсени две лица барани од Интерпол-Австрија и Интерпол–Словачка
Полициски службеници во текот на вчерашниот ден на гранични премини уапсиле две лица кои биле барани со потерници од Интерпол.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во 12:45 часот вчера на Граничниот премин Јажинце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода З.К.(40) од Косово затоа што при извршена проверка констатирано било дека евидира со мерка „апси“, по барање на Интерпол-Австрија. З.К. се обидел да избега, но бил спречен од полициски службеници. Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Тетово за понатамошна постапка.
Во вториот случај, вчера во 12:45 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници ја лишиле од слобода И.К.(35) од Словачка, затоа што при извршена проверка било констатирано дека била барана од Интерпол–Словачка. Таа била предадена на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
Пожар во куќа во скопско Нерези
-
Во Центар три лица влегле во соблекувалните на спа центар, празнеле паричници
-
Владата утре се очекува да разговара за цените на прехранбените производи
-
Меџити: Во општина Свети Николе само во водоводна инфраструктура инвестираме над 1.3 милиони евра
-
Истепан малолетник во Центар, му ги одзеле патиките и јакната
-
Кривична пријава за Германец, фатен со дрога на граничен премин
-
Сите пристапни улици до штипската Клиничка болница ќе се реконструираат
-
Студентите во БиХ бараа одговорност за жртвите и уништувањето во минатогодишните поплави