Уапсени двајца скопјани, копале криптовалути во „Железници и Транспорт“
Во текот на вчерашниот ден инспектори од Единицата за економски криминал при СВР Скопје и полициски службеници од ОВР Аеродром ги лишиле од слобода М.У.(63) и Д.П.(38), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, изјавиле од МВР за ТВ21.
Постапувајќи по пријава примена во 18.30 часот од страна на раководно лице во Железници на РСМ – Транспорт, според која во канцеларија опремена со компјутери, во која биле неколку вработени, забележал поголема потрошувачка на струја поради што се посомневал во копање на криптовалути, полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки и активности ги привеле двете лица вработени Железници, кои ја користеле канцеларијата, при што било извршено и запечатување на просторијата, додаваат надлежните во соопштението.
Ново на Сител
-
Во Лазарополе минус еден, на Попова Шапка нула степени
-
Седница на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади
-
Денес се празнуваат светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија
-
ИДФ го уби лидерот на Хамас во Либан
-
Бајден: Недозволиво е да избувне сеопфатна војна на Блискиот исток
-
Најмалку 69 загинати од ураганот Хелена во САД
-
Израел подготвува копнена инвазија врз Либан
-
Норвешка размислува за изградба на ограда на границата со Русија