Македонија
13. May 2023 - 12:49

Уапсени двајца крадци од кои еден малолетник кои „оперирале“ низ Кочани

На 12.05.2023 по преземени мерки и активности полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип лишија од слобода две лица и расчистија четири кривични дела тешка кражба, извршени на 11/12.05.2023 на подрачјето на Кочани.

Осомничени извршители на кривичните дела се Џ.С.(19) од Кочани и еден малолетник. 

Тие биле приведени во полициска станица и по комплетирање на случаите против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.