Уапсен турски државјанин кој превезувал брендирана текстилна стока без документација
Уапсен е турски државјанин откако изутрината при контрола на автобусотот што го возел пронајдени се два куфера во кои имало парчиња брендирана текстилна и друга стока без соодветна документација.
-Денеска во 04:10 часот на клучка Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност извршија контрола во автобус „сетра“ со турски национални ознаки, управуван од Д.М.(51) од Република Турција. При контролата, во автобусот пронајдени се два куфери во кои имало повеќе парчиња брендирана текстилна и друга стока без соодветна документација. Д.М. е лишен од слобода, стоката е одземена и за настанот е запознаен јавен обвинител, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.
Како што посочуваат од МВР, по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
ССМ утре на протест за повисоки плати, КСС ќе остане дома
-
Почна процесот на вработување на специјализанти
-
Обука за медицински персонал од штипска физикална за третман на повредините во пожарот во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР истражува дали е подметнат пожарот во куќата на Пандов
-
Камбовски: Оставки не носат реформи во судството
-
Судиите бараат да бидат вклучени во законски измени на правосудството
-
СДСМ: Наместо решение за цените, добивме маркетиншки трикови