Уапсен таткото на ученикот осомничен за масовното пукање во училиште во Џорџија
Властите во сојузната држава Џорџија денеска го уапсија таткото на осомничениот за пукањето во средното училиште „Апалачи“, 14-годишниот Колт Греј, кој уби четворица и рани уште девет лица, и поднесоа обвинение против него.
„Во координација со окружниот обвинител Бред Смит, Канцеларијата за истраги на сојузната држава Џорџија го уапси 54-годишниот Колин Греј во врска со пукањето во средното училиште ‘Апалачи’. Колин е татко на Колт Греј“, соопшти Канцеларијата на социјалната мрежа „Икс“.
Таткото и синот минатата година беа испрашувани од локалните истражни служби во соседниот округ Џексон во врска со закани на интернет за масовно пукање во училиште, но тогаш беше оценето дека нема основа за нивно приведување, соопшти ФБИ во средата.
За време на тогашната истрага, таткото изјавил дека поседува ловечки оружја дома, но дека неговиот син нема неограничен пристап до нив, додека Колт Греј негирал дека упатувал закани на интернет, додаде ФБИ.
По денешното апсење на таткото на Колт Греј, Колин, му беа поднесени обвиненија за убиство од небрежност, убиство од втор степен и сурово однесување кон деца. Сите три обвиненија произлегуваат од тоа што таткото не го ограничил пристапот на синот до неговите оружја. Ученикот, кој го изврши масакрот, е обвинет за четири намерни убиства.
Ново на Сител
-
Клековски: Лекови мора да има и ќе има за сите– имаме решение за проблемите во здравството
-
Истрага за две разбојништва извршени од 25-годишник во Скопје
-
ОН бараат Израел да го прекине „незаконското“ присуство на Западниот Брег и Источен Ерусалим во рок од 12 месеци
-
Најмалку тројца загинати, стотици ранети во нови експлозии во Либан
-
Исчезнато 45-годишно лице со здравствени проблеми од скопска Кисела Вода
-
Ограбена спортска обложувалница во Чаир
-
Драчевчанец споделувал експлицитни содржини од неговата малолетна девојка
-
Малолетник нападнат од повеќе лица во средно училиште во Бутел