Уапсен полицаецот вклучен во задржувањето на починатиот Џорџ Флојд
Полицаецот кој со колена го приклешти Афроамериканецот Џорџ Флојд, легнат и во лисици, по што задржаниот почина на место, е уапсен, јави денеска Си-ен-ен.
Апсењето на полицаецот се случи пет денови по убиството на Флојд.
Во последните 48 часа делови од јужен Минеаполис поминаа низ 48 часа анархија. Запалени се и вандализирани многу продавници и објекти, вчера беше запалена и полициската станица. Протестантите денеска на некои места употребуваа и молотови коктели, додека илјадници гневни граѓани дивееја, ограбуваа продавници и запалија повеќе автомобили и објекти во градот.
На помош на полицијата во Минеаполис денеска дојде и Националната гарда на САД.
По апсењето на полицаецот, Дерек Чавин, демонстрантите и граѓанските групи бараат задржување и на тројцата преостанати службеници кои го осигуруваа местото и не сторија ништо да се спречи убиството.
Властите во Минеаполис изјавија дека судењето на Чавин ќе биде „брзо и праведно“.
Задржувањето и убиството на невооружениот Афроамериканец Џорџ Флојд е документирано на камера.
Луѓето кои снимаат протестираат полицаецот да го тргне коленото од вратот на легнатиот задржан, бидејќи овој може да се задуши. Во таква положба, со приклештен врат, полицаецот со едното колено го држи задржаниот повеќе од седум минути. Од снимката се гледа и слуша како Флојд, легнат на земја и со лисици на рацете, моли за помош и повторува дека не може да дише.
Џорџ Флојд (46) после неколку миниту почина.
Афроамериканската заедница во градот и насекаде низ САД е згрозена од ова однесување на полицијата.
Денеска протести имаше и во други градови какo Њујорк, каде полицијата се судри толпа од над илјада луѓа на плоштадот Јунион.
Ново на Сител
-
Крадец од струмичко пукал кон полицијата, па бил ранет при приведувањето
-
Јулски снег во Словенија
-
Триесет и девет еколошки организации бараат од УНЕСКО да го стави Охридскиот регион на Листата светски наследства во опасност
-
Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион
-
Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница
-
До 12:30 часот девет активни пожари, еден локализиран
-
Еден прободен, седум полесно повредени во трките со бикови во Памплона
-
Мицкоски: Жално е што во 21 век во ЕП на талибански начин се оспоруваат македонскиот идентитет и јазик