Македонија
28. December 2020 - 17:23

Уапсен маж од Гостивар кој од возило украл женска чанта

На 27.12.2020 околу 18.10 часот, на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Е.М.(42) од сДолна Бањица, гостиварско кој претходно извршил кражба во возило и при тоа одзел женска чанта со повеќе предмети, информираат од МВР.

Одземените предмети му се вратени на сопственикот, а против пријавениот ќе биде изготвен соодветен поднесок.