Уапсен и казнет со 30.000 евра Грк кој со автомобил влечел врзано куче
По објавеното видео на социјалните мрежи на кое се гледа куче врзано за задниот дел на автомобил во движење, уапсен е возачот поради злоупотреба на животно и е казнет со 30.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина.
Инцидент се случил на грчкиот остров Закинтос, влечењето на кучето било снимено од друг автомобил, по што бил идентификуван сторителот и соодветно казнет, а надлежниот министер за полицијата Нотис Митаракис преку Твитер коментираше дека такви антиопштествени однесувања не се прифатливи“.
Од грчката полиција соопштија дека е уапсен 75-годишен маж и против него е поднесена кривична пријава за прекршување на законската регулатива за животните, изречена му е административна казна од 30.000 евра, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител на Закинтос. Во Грција пред две години беше изгласан Законот за заштита на животните, а секоја злоупотреба се казнува.
Ново на Сител
-
Над 40 основни училишта се затвориле во изминатите пет години
-
Тема да денот со Иво Ранѓеловиќ, политиколог
-
Нови признанија на вина во случајот „Синџир“
-
Како оперираат крадците низ археолошките локалитети во државата?
-
Почина момчето кое беше киднапирано и принудено да се самозапали
-
Нови признанија на вина во случајот „Синџир“
-
Одбраната на Мерко - застареност на кривичното гонење
-
Фрчкоски сам ќе се повлече од амбасадорската функција, со документи ги негира обвинувањата од МНР