Уапсен е убиецот што уби студент вчера во Штип
Лицето кое синоќа го уби 25 годишниот Е.О, странски државјанин, во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип е уапсено, информираат од Јавното обвинителство.
- Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент е уапсено. Пронајдено е и оружјето. Во текот на денот ќе следи постапка, се вели во соопштението од обвинителството.
25 годишниот Е.О странски државјанин е убиен синоќа во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад во Штип, а информацијата ја потврдија од Клиничка болница-Штип. Во болницата е донесен без знаци на живот, со неколку прострелни рани. Лекарите се обиделе да го реанимираат, но обидите биле неуспешни. Од Основното јавно обвинителство (ОЈО)-Штип соопштија дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено од живот со истрели од огнено оружје.
Напаѓачот и жртвата се идентификувани и станува збор за странски државјани. Од лице место подигнати се чаури и други траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телото на починатиот е дадено за обдукција. Обезбедени се и прегледани снимки од видео надзор, се вели во соопштението на ОЈО-Штип.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари
-
Муцунски: Инвестиции, инфраструктура, подобар живот – надворешна политика што носи резултати
-
Социолошки поглед за модерен Центар | Горан Герасимовски | Неформално | Sitel Podcast 105
-
Владата со препорака за работодавачите во врска со топлотниот бран
-
САД по третпат го напуштаат УНЕСКО
-
Три лица се хоспитализирани - изгаснат пожарот што избувна во Кочани | ВИДЕО
-
Кремљ: Не очекуваме напредок во мировните преговори со Украина
-
Славески: Извршната власт има разбирање дека треба да се стремиме кон ниски стапки на инфлација