Фудбал
15. November 2015 - 10:41

У-21: Македонија домаќин на Франција (13ч.ФФМ)

Терористичките напади во Париз одложија многу спортски настани во Франција, но сепак животот продолжува и не смее да има отстапки за тероризмот. Во таков амбиент ќе се натпреваруваат спортистите од Франција во овој и наредниот период. 

Денеска во Скопје во рамките на квалификациите за следното ЕП гостува младата репрезентација на Франција. Натпреварот се игра на терените на ФФМ со почеток во 13ч. 
Мечот е важен за обете селекции и победникот ќе направи голем чекор кон првите две места на табелата. И Македонија и Франција имаат по еден пораз досега и тоа од селекцијата на Исланд. 
Тимот на Благоја Милевски врза две победи во серија и од нашиот табор најавуваат игра на победа. Од стандардните недостасува  Давид Бабунски.