Македонија
17. December 2015 - 15:46

Тутунарите од Штип и Карбинци задоволни од откупната цена

Тутунопроизводителите од штипско-карбинскиот регион се задоволни од проценката на кавлитетот на тутунот, но и од откупната цена која се движи меѓу 190 и 230 денари.

Како што велат, веднаш штом им се откупи тутунот, им се исплаќаат и субвенциите. 

Во Општина Карбинци се отворени два откупни центри, а исто толку и во Штип.

- Задоволен сум што годинава тутунот се цени во прва и втора класа, а поретко трета класа. Имам над три тони и квалитетот е добар, за разлика од лани кога беше многу лош, вели Илијаз Сулејманов од Општина Карбинци.

Производителите очекуваат откупот да помине без проблеми и да бидат преземени околу 300 тони тутун.