Туск на балканска турнеја, во Скопје доаѓа на 27 април
Кабинетот на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, потврди дека тој ќе учествува на самитот Брдо-Бриони на 27 април во Скопје.
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск заминува на балканска турнеја помеѓу 24 и 27 април, за време на која тој ќе ги посети Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, а ќе заврши во Скопје на самитот Брдо-Бриони на 27 април.
Домаќин на состанокот на лидерите на земјите-членки учеснички од Процесот Брдо-Бриони ќе биде претседателот на Македонија Ѓорге Иванов.
Целта на процесот Брдо-Бриони е да ги собере лидерите на Западниот Балкан како и оние на Словенија и Хрватска за, како што се вели во соопштението, да се зацврсти политичкиот дијалог и да се зголеми нивото на доверба за решавање на билатералните и регионалните спорови. Туск ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. Средба со Претседателот Ѓорѓе Иванов не е на официјалната агенда.
Целта на оваа турнеја е и да се подготви претстојниот самит за Западниот Балкан во Софија на 17 мај.
- Европската унија продолжува да биде најсигурниот партнер за целиот регион. Како најголем инвеститор, најголем донатор, најголем трговски пазар и најдобро ветување за подобра иднина на граѓаните. Нашиот самит треба да ја потврди европската перспектива за регионот. И, уште поважно, треба да ги подобри на конкретен начин конекциите во и со регионот, изјави Доналд Туск пред Европарламентот на 18 април, пишува во соопштението на Европскиот совет.
Ново на Сител
-
Кривична за стружанец, градел на заштитено подрачје, узурпирајќи дел од Охридско Езеро
-
Продолжен притворот за 10 осомничени за падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад
-
Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците
-
Приведено лице од Кавадарци, возел пијан - а имал забрана за управување возило
-
Ѓоковиќ за проблемот со очите во финалето во Мајами: Не сакам ова да звучи како изговор
-
Во Србија треба да почнат консултации за формирање влада
-
Трамп: Американските царини ќе ги опфатат сите земји
-
До петок повремени врнежи