Туск: ЕУ е пред затворање на медитеранската мигрантска рута
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск најави дека на денешната средба во Ла Валета, лидерите на ЕУ ќе усвојат важни мерки за затворање на илегалната мигрантска рута преку централниот дел на Средоземното Море.
- Можам да ве уверам дека сме пред затворање на рутата преку која илегално се пренесуваат луѓе. изјави Туск по разговорите со шефот на италијанската дипломатија Паоло Џентилони.
Експертите стравуваат дека со подобрувањето на временските услови ќе се зголемат обидите на мигрантите од Африка за илегален влез во Европа преку Медитеранот. При бродски несреќи долж оваа рута лани загинаа или исчезнаа неколку илјади илегални мигранти.
Според Туск, затворањето на медитернската рута ЕУ пред се им го должи на „оние кои страдаат и ги ризикуваат своите животи“ во обидот да дојдат до европкиот континент.
- Но, од друга страна, тоа им го должиме и на Италијанците и на Европејците, нагласи Туск.
Поголемиот број од лицата кои се обидуваат од либискиот брег да стигнат до Италија се економски мигранти и имаат мали шанси да добијат азил во некоја од европските земји.
Ново на Сител
-
Зеленски: Украина е максимално конструктивна во разговорите во Саудиска Арабија
-
Имамоглу суспендиран од функцијата градоначалник на Истанбул
-
Куп на ЕХФ: Алкалоид ремизираше против Минаур Баја Маре
-
Со едночасовен молк во скопскиот Градски парк стотина млади оддадоа почит на загинатите во пожарот во Кочани
-
Во Ријад почнаа разговорите на делегациите на САД и Украина
-
Двајца осомничени, илегално пренесувале амфетамин од Скопје до Гевгелија
-
Во Белград се одржа првиот состанок на Движењето за народот и државата
-
Насилство на скопската обиколница, предложен притвор за осомничениот