Балкан
26. јуни 2017 - 20:29

Турските националисти бараат продолжување на вонредната состојба во земјата

Лидерот на Партијата за национално дејствување, Девлет Бахчели изјави денеска дека треба да продолжи режимот на вонредна состојба, кој е воведен по обидот за државен удар во Турција во јули минатата година.

- На 15 јули беше извршен нецивилизиран обид за преврат. Потоа беше воведена вонредна состојба за да се надминат последиците. Сега вонредната состојба треба да продолжи, истакна Бахчели.

Тој додаде дека вонредната состојба треба да продолжи поради ефективна борба против терористите на Фетулахистичката терористичка организација и од Курдската работничка партија.